Опис на Недвижниот имот
Ексклузивна продажба на нови станови во Дебар Маало на ул. „Партизански Одреди бр.38„ во непосредна близина на поранешно СЈО, позади Санте Плус Клиника.
Тивка и мирна локација, со влез и излез на улица Рузвелтова. Во непосредна близина на градски парк и Зоолошка градина, Боемска улица, во близина на две училишта, две градинки и бројни маркети и кафулиња.
Стан од 89м²
– Кат: 1
– Ориентација: Североисток,
– Греење: Градско подно греење + мултисплит систем на греење и ладење
– Паркинг: Подземно паркинг место на ниво -2
Цена: 2,400 € / м²
Цена за гаражно место: 14,000 €
Зградата е пуштена во употреба во јули 2024 година.
Објектот располага со сопствен паркинг на две подземни нивоа, со благ спуст(рампа) и движење по две коловозни ленти, во вкупна ширина од 5,4m. Предвиден е посебен простор за велосипеди, тротинети и мотори во паркингот.
Луксузна и квалитетна градба со висока статика енергетска ефикасност со врвна топлинска и извучна изолација(стиропор, Iton цигли и гипс картон) и модерна фасада.
Греењето е решено со централно градско подно парно греење, плус во секоја соба има мултисплит систем на греење и ладење. Прозорите се од најновата програма на австрискиот Rehau (6 комори и шибер врати), шпанска и италијанска санитарија и плочки 120х90, трослоен паркет, електрика Legrand/ Tem Chatesh, пространи балкони и Schindler лифтови.
Два независни влеза, секој по 40m2, обложени со луксузни плочки и дрвени материјали, со видео и аудио системи за најава и надзор, заедничка просторија во влезот, со два широки лифта и одделни скали.
За повеќе информации 075 923 242📞



















